Во скопската ЗОО пристигнаа шест пингвини од Русија

Пингвините кои вчера пристигнаа од Русија, ќе бидат новата атракција во скопската зоолошка градина.

-Во време на пандемија, кога транспортот е сложен, а летовите редуцирани, со големи напори успеавме да ги донесеме овие шест нови жители на Скопје Зоо кои ќе им се приклучат на Скипер, Прајвт и Ковалски. Пингвините се добро и супер се адаптираат. После пристигнувањето на скопскиот аеродром, веднаш се препуштија на уживање во внатрешниот базен, а по краткиот карантин, ќе го отвориме и надворешното живеалиште, пишува ЗОО Скопје во објавата на ФБ.