Изминатиот период убави и радосни вести ни пристигнуваа од Зоолошката градина во Скопје. По повеќе од 20 години се родија мали лавчиња, потоа Зоолошката градина се збогати за уште една лама, лемурите нè израдуваа со нов подмладок, па на крајот се роди бебе камила.
Всушност, тука не е крајот на убавите вести.
Имено, пролетта во скопската Зоолошка градина убаво започнува, овој пат со трето бебе лама.