Ноќта кон четвртокот, околу 2,50 часот по полноч во СВР Скопје било пријавено дека во плац за продажба на автомобили на улицата „Александар Урдаревски“ настанал пожар на две автомобила.
Станува збор за патничко возило „ауди Q7“ со скопски регистарски ознаки и за лимузина „ауди а8“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Љ., на 55-годишна возраст, од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.