Во скопски Чаир изречена 81 казна за возачи, 13 возеле без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.06) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Чаир изречени се вкупно 81 мерка, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, шест за управување под дејство на алкохол, три за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се и 14 санкции за користење мобилен телефон, пет за некористење сигурносен појас, две за возач почетник.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.