![helikopter mvr pozar](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/helikopter-mvr-pozar.jpg?resize=696%2C460&ssl=1)
Во Скопскиот регион активен е еден пожар во атарот на селото Блаце каде гори трева, нискостеблеста вегетација и шума на карпест непристапен терен.
Од Регионалниот центар за управување со кризи Скопје информираат дека пожарот се следи од вработени од јавното претпријатие „Македонски шуми“ и дека се наоѓа на пет километри од селото Блаце.
Во изминатото деноноќие имало 26 пожари на отворен простор во чие гаснење покрај Територијалната противпожарна единица на Град Скопје биле ангажирани и три авиони „ер трактори“ и еден хеликоптер на МВР.