Возрасен жител на скопското село Трубарево е пријавен од неговиот двојно помлад сосед дека со ловечка пушка му го застрела кучето
Инцидентот се случил околуи 15,30 часот во саботата кога во Секторот за внатрешни работи Скопје 33-годишниот жител на Трубарево пријавил дека 76-годишниот сосед со ловечка пушка пукал во неговото куче.
На местото на настанот излегле полициски службеници, одземена е пушката „застава М-70“ и два патрона и се работи на целосно расчистување на случајот.