Во скулптура на коњ најдено рекорно количество кокаин

Новозеландската полиција денеска соопшти дека запленила кокаин во вредност од над десет милиони американски долари, кој бил сокриен во голема скулптура на глава на коњ, опточен со дијаманти, а која стасала од Мексико, пренесува МИА.

Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на Нов Зеланд. Криумчарите кокаинот го намениле за продажба во градот Крајстчерч, каде голем број работници од странство работат на обнова на објектите урнати во големиот земјотрес во 2011 година.

Пратката тешка 35 килограми стасала од Мексико во Оукленд во мај, а полицијата, после истрагата која траела месец иполовина, во тој новозеландски град уапсила еден Мексиканец и еден Американец, а во Крајстчерч уште еден Мексиканец и сега соопшти за заплената.