![dozd sneg](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/dozd-sneg.jpg?resize=695%2C459&ssl=1)
Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната од 5 до 12 степени.
Во Скопје, сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во следните три дена ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на температурата.
Од четврток ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на студена воздушна маса, во петок врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места.
Температурите повторно значително ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој период од годината.