Во Словенија 55 новозаразени со коронавирусот, најмногу по пет месеци

Во Словенија во последните 24 часа на коронаворусот биле тестирани 1.608 лица, а заразата е потврдена кај 55 од нов, додека едено лице починало како последица на Covid-19, соопшти во средата словенечкото министерство за здравство.

Станува збор за третиот најголем број на зарази од почетокот на епидемијата во земјата и зголемување на бројот на коронаинфекции за 14 во однос на претходниот ден, кога биле спроведени 1.415 тестови.

Најмногу зарази со коронавирусот SARS-CoV-2 на дневно ниво во Словенија се регистрирани на 26-ти март, кога е потврден 61 сличај, а потоа на 1-ви април кога тестовите покаќале 56 позитивни резулатати.

Вкупно од почетокот на епидемијата со о161.847 тестирања се потврдени 2.924 зарази, а активни случаи во моментов има 468. Со последниот смртен исход, бројот на починатите се зголеми на 134 лица.

Во моментов во словенечките болници се хоспитализирани 26 пациенти поради Covid-19, од кои на четворица им е потребно интензивен третман, додава министерството за здравство.