Во Словенија во четвртокот вечерта се регистрирани три нови случаи на пациенти заразени на коронавируст, потврдија во дневникот на Словенечката телевизија инфектолозите и претставниците на министерството за здравство и на националниот Институт за јавно здравје, така што бројот на заразени се зголемил на шест.
Претходно вечерва беа потврдени два случаи, а станува збор за двојка која престојувала во Италија и не била во контакт со првиот заразен во Словенија.
До 18 часот во четвртокот биле тестирани 433 лица. Под лекарски надзор се уште седум лица кои биле во здавствениот дом истовремено со првозаразениот маж, а нивната состојба е добра, пренесува електронското издание на весникот Delo.
Првиот заразен во Словенија е 60-годишник кој престојувал во Мароко, а во земјата се вратил преку Италија. Двата негови сопатника, исто така, се заразени со коронавирусот.
На прашањето каква е моменталната состојба на петмината заразени, инфектолозите оценија дека е стабилна и дека покажуваат различни симптоми, некои посилно но повеќето главно благи. Тие се хоспитализирани, но не на одделот за интензивна нега.
Доколку следните денови се регистрираат нови случаи на зарзени кои не ги покажуваат симптомите на болеста, тие веројатно ќе останат во домашна изполација.
Како што извести Словенечката телевизија, во меѓувреме бил забележан и шестиот потврден случај, а станува збор за помлад маж од источниот дел на Словенија.