Во Словенија првпат мажите го надминаа бројот на жените

Бројот на мажи, во првата половина на 2019 година, првпат во 160-годишната историја на статистиката на населението во Словенија, го надмина бројот на жени, соопшти Бирото за статистика на таа земја.

Во вкупното население на Словенија, вклучително и странци, евидентирани на 1 јули годинава, имало 1.045.835 мажи и 1.043.475 жени, пренесува словенечката агенција СТА.
Ова во најголем дел се должи на зголемувањето на бројот на странците за 10.000 во првата половина од годинава и бројот на словенечки граѓани за 1.600.

Тоа значи дека бројот на жители во Словенија во периодот јануари-јуни е зголемен за 8.400, наведува Заводот за статистика.

Кога станува збор само за словенечки државјани и натаму бројот на жени е поголем од бројот на мажи, изнесува 51,2 отсто, додека процентот на жените меѓу странците со престој во Словенија изнесува 33,7 отсто.

Во средината на годината, странците сочинуваа 7,1 процент од вкупното население на Словенија.