Словенечката полиција, во близина на границата со Хрватска, уапси двајца државјани на Нигерија, кои во комби возило превезувале 31 мигрант.
– Комбито со италијански таблички синоќа го запрела полициска патрола во близина на селото Морава, соопшти љубљанската полиција.
Во комбито имало мигранти од Пакистан, Бангладеш и Мјанмар.