Во Словенија регистрирани 87 хомосексуални бракови

Со новиот правилник за регистрација на истополни партнерски заедници во Словенија, каде што веќе има 87 двојки, ќе им бидат овозможени истите услови како и оние кои што ги уживаат и хетеросексуалните бракови.

Имено, Словенија ќе им овозможи овие двојки да ја регистрираат својата врска во истите службени простории и во исто време како и брачните партнери, пишува љубљански „Дневник“. Досега исполните двојки своите врски ќе може да ги регистрираат во општинските управи само во работно време, според законот за истополно партнерство донесен во 2005-та година.

Своите врски на основа на тој закон веќе ги регистрирали 87 двојки. Словенечката влада овој правилник го донела по жалбата на една лезбијска двојка која била одбиена да ја регистрира својата врска во сабота во свечена сала во која што се венчаат брачни двојки и дека со тоа биле дискриминирани.