Во Собранието денеска треба да продолжи 85-тата седница на која ќе се расправа по дополнетиот Предлог-закон за електронските комуникации, кој е во второ читање.
Пред пратениците се и дополнетите предлог-закони за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина и на Законот за здравствената заштита, сите во второ читање, како и дополнетиот предлог-закон за дополнување на Законот за земјоделското земјиште.
На седницата треба да се разгледаат и голем број закони кои вчера беа ставени на дневен ред на барање на Владата, по скратена постапка, а имаат за цел усогласување со Законот за јавна администрација.
Собранието треба да расправа и по Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2014 година, Предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест за 2014 година што Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување го наплатува од пензиските друштва, Предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за измена на Одлуката за утврдување на висината на надоместоците што Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување ги наплатува од пензиските друштва, Годишниот финансиски план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2014 година…