Во Собранието изгласани заклучоците за францускиот предлог

Од присутните 68 пратеници во собраниската сала, за информацијата за францускиот предлог гласаа сите 68 пратеници. Претходно, салата ја напуштија пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ како и пратениците од Левица.

Со тоа, Собранието на Македонија ги прифати предлог-заклучоците поднесени од пратениците Јован Митрески од СДСМ и Арбер Адеми од ДУИ.

Претседателот на Собранието Талат Џафери на крајот ги прочита усвоените заклучоци.