Во Собранието, Работната подгрупа повторно ќе расправа за амнестијата

Во македонското Собрание денеска треба да продолжи вториот состанок на Работната подгрупа за помирување на Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција на кој треба да се доуреди предлог законот за амнестија.

Состанокот во понеделникот беше прекинат поради нови информации за кои се потребни дополнителни консултации во врска со законското решение за амнестија на дел од учесниците во настаните во Собранието на 27 април минатата година.

На состанокот на подгрупата присуствуваше и заменик-министерот за правда Оливер Ристески. Поради службени обврски отсуствуваа дел од членовите, рече претседавачот на групата пратеникот Зекир Рамчиловиќ.