Во Собранието седници на две комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за одбрана и безбедност.

На дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2020 година и Извештајот за реализација на Судскиот буџет за 2020 година.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправаат за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи и на Законот за полиција, двата во второ читање.