Заедничка седница ќе одржат владите на Бугарија и Северна Македонија во резиденцијата „Бојана“ во Софија. Настанот е дел од дводневната посета на делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, која вчера допатува во Бугарија.
Тој и Кирил Петков ќе имаат приватен разговор. На крајот на заедничката средба на двете влади ќе бидат потпишани билатерални документи, а се очекува двајцата премиери да дадат заедничка изјава за медиумите.
Паралелно, ќе заседаваат и четирите работни групи кои беа формирани во областите:
- економија, трговија и иновации;
- инфраструктура, транспорт и поврзување;
- Европска соработка – зелена транзиција и дигитална трансформација и владеење на правото;
- културата, науката и образованието и младите.
Средба ќе имаат и копретседателите на Мешовитата мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања.
Според бугарската влада, денешната заедничка средба е уште еден клучен чекор за консолидирање на новиот дијалог меѓу Софија и Скопје, како и за продлабочување на билатералната соработка.