Неколку грчки здруженија на 21 јануари ќе излезат на протест против употребата на терминот „Македонија“ како дел од сложеното име на нивниот северен сосед, т.е. нашата држава.
Во Македонија и Грција во моментов постои поволна клима за решавање на долгогодишниот спор меѓу двете држави, а оптимисти се и властите од едната и од другата земја.
Наскоро, Нимиц би требало да излезе со предлог. Од македонската страна велат дека е рано да се лицитира со можни имиња, додека пак грчките медиуми веќе објавија дека во игра се Нова Македонија, Северна Македонија и Горна Македонија, откако се отфрлени Славомакедонија и Вардарска Македонија.
И додека од едната страна има такви што не го даваат името, на другата има такви кои сметаат дека терминот „Македонија“ воопшто не смее да биде дел од решението кое ќе ги задоволи двете страни.