Во Солун потврден случај на јужноафриканскиот сој на коронавирусот

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас и претседателот на Националната организација за јавно здравје итно заминаа во неделата во Солун по откриен случај на јужноафриканскиот сој на коронавирусот SARS-CoV-2.

Од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција соопштуваат дека по состанокот одржан денеска со епидемиолозите, било одлучено Хардаљас и Аркуманес да заминат за Солун за да ја оценат ситуацијата.

Станува збор за прв потврден случај во Грција на јужноафриканскиот сој на вирусот, додека, пак, во земјата веќе од претходно има 66 индентификувани случаи на зараза со британската сој, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција објавени во текот на минатата седмица.