![policija stop](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/policija-stop.jpg?resize=696%2C465&ssl=1)
На 15.10.2024 околу 20.55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“, на кракот со ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(57) од с.Трубарево, скопско и патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.М.(21) од Скопје, при што возилото „шкода” се превртело и се запалило.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.А.(35) од Скопје, сопатник во возилото „шкода“, додека возачот З.Ѓ. и А.Р(36) и Л.Н.(45) од Скопје, исто така, сопатници во возилото „шкода“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Кoмплексот клники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.