Во сообраќајка во Демир Капија едно лице е повредено

На 02.08.2022 во 10:00 часот во СВР Велес било пријавено дека крстосница од ул.„11 Октомври“ со oбиколница во Демир Капија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ландровер“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.В.(54) од Росоман и мопед „томос“, со неготински регистарски ознаки, управуван од К.З. од Демир Капија.

Во несреќата, К.З. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница во Велес.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.