Вкупно пет млади лица, дваца возачи и тројца пешаци, настрадаа во сообраќајната несреќа која во саботата вечерта се случи на автобуска постојка во скопската населба Ѓорче Петрови, по судар на две возила, потврдија во неделата од Министерството за внатрешни работи.
Несреќата е пријавен околи 20,30 часот, дека на крстосницата од улицата “Ѓорче Петров“ и улицата “Мајски манифест“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот Д.Ш. од Скопје, и патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од исто така 22-годишниот Д.М. од Скопје, а настрадале и пешаци.
При незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи, како и пешаците 19-годишниот Б.Т. и уште две девојчиња на возраст од 16 и 17 години, сите од Скопје по што биле пренесени во болницата Аџибадем Систина и Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.