![13625237_10209200930647582_1948526284_n-640x400](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/07/13625237_10209200930647582_1948526284_n-640x400.jpg?resize=640%2C400&ssl=1)
Во сообраќајна несреќа што се случи синоќа кај кружниот тек во Порта Влае, повредени се шест лица, меѓу кои и две деца.
Сообраќајката помеѓу такси возило и автомобил марка „даеву матиз“се случи на крстосницата со улиците: Партизански одреди, Ацо Шопов и Ѓорче Петров. При сударот автомобилот се превртел, а во него покрај возачот, била С.Р (31) со своите три деца (1, 6, 8). Тие со амбулантно возило се пренесени во Ургентниот центар, при што на жената и на две деца им се констатирани телесни повреди, а најмалото не е повредено. Возачот на „матизот“ Н.Д (31) одбил лекарска помош.
Од другата страна, со телесни повреди се здобиле и возачот на такси возилото Р.А (39), како и сопатниците И.Ј (22) и Р.Ј (46). Тие се амбулантно возило веднаш се пренесени во градската болница „8-ми Септември“, а по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.