Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска заедно со МВР и Брза помош, во координирана, спасувачка акција се спасени два велосипедиста, многу дехидрирани, пронајдени во предел без вода. Тие после скопското село Кожле, залутале во пределот по многуте ридски патчиња, барајќи ја старата црква и гробишта надвор од селото. Живописната црква и гробишта се на неколку километри пред, односно над, реката Пчиња оградени со камена ограда, но и со вегетација којашто ги затскрива од поглед.
-Денеска во еден од најтоплите денови во овој период, преку 112, по добивањето на информацијата околу 15.00 часот, од Секторот за операции и координациј во ЦУК веднаш биле активирани искусните оперативни дежурни рботници од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Град Скопје. Биле лоцирани изгубените и дехидрирани велосипедисти во координација со Полицијата. Оперативците од ЦУК биле постојана комуникација и со тимот полицајци на терен и со изгубените велосипедисти коишто покажувале се повеќе и поголеми знаци на голема дехидрација и снеможеност. Тимот полицајци само до некаде можел да оди со теренско возило, а потоа два припадника на полицијата продолжила пешки да трагаат по изгубените, со кои стапиле во телефонски контакт. Полицајците ги пронашле изгубените велосипедисти живи и здрави, околу 16.00 часот.