Во Србија во последните 24 часа се регистрирани 5.613 нови случаи на Ковид-19. Од последиците на вирусот починале 27 лица, пишуваат српските медиуми.
Во болниците во Србија моментално се сместени 5.317 лица од кои 182 се на респиратор.
Од првиот случај во Србија, кој е регистриран на 6 март, регистрирани се вкупно 97.988 случаи, а од последиците на коронавирусот во Србија починале вкупно 1.081 лице.
Вкупно се тестирани 1.555.000 лица.
Драстичен раст на заразените во таа земја се бележи од почетокот на неделата, откако се забележани повеќе од 4.000 случаи. Србија го надмина и бројот од 5.500 новозаразени во последните 24 часа. Зголемен е и бројот на смртни случаи, кој со денови е над 20.
Докторите се загрижени заради зголемениот број на прегледи во ковид амбулантите ширум Србија.