Во Србија има 3.200 бегалци од Украина

Низ Србија поминати се над 13.000 бегалци од Украина, повеќето од нив се само во транзит, а од нив во Србија се сместени околу 3.200 бегалци, јави дописникот на МИА од Белград.

Владимир Цуциќ од Комесаријатот за бегалци и миграции на Србија изјави дека повеќето од овие лица се сместени кај роднини, пријатели или деловни партнери, а голем број се снаоѓале и сами.

-Во нашите центри утринава имаше 48 лица, а во текот на денот според највите ќе има 63 лица, изјави Цуциќ.

Тој наведе дека украинските бегалци најмногу се лоцирани во Обреновац и Врање, и дека „по потреба се отвораат пунктови во Белград и Суботица, во Ватинската област и во Црња“.

Бегалците се во 45 до 46 општини и градови. Седум-осум деца дури тргнаа во основно училиште, а очекуваме уште еден број наскоро да тргне и во основно и во средно училиште, кажа Цуциќ и додаде дека во Србија најмногу доаѓаат жени со мали деца и тинејџери.

Цуциќ наведе дека на украинските бегалци им се обезбедени „најквалитетни услови, во Врање на пример да имаат двокреветни и трокреветни соби со бањи“.

-Во тие простории имаме амбуланти, предучилишна установа, дневна соба, трпезарија, изјави тој и додаде дека сместувањето го посетил и Украинскиот национален совет во Србија и разговарал со корисниците.