Во Србија ограничување на цените на храната уште 60 дена

Владата на Србија ги ограничи цените на основните прехранбени производи на уште 60 дена, додека ограничената просечна цена на евро дизелот и евро дизел премиум горивото БМБ во големопродажба се зголеми за седум динари. Уредба за ограничување на цената на основните прехранбени производи се однесува на шеќерот во пакување од еден килограм, брашното тип Т-400 и тип Т-500 во пакување до пет килограми, маслото за во пакување од еден литар и свински бут.

Од Владата посочија дека уредбата е продолжена со цел дополнително да се заштити пазарот, односно да се спречат деформации во формирањето на цените на овие намирници. Членовите на Владата донесоа одлука и за привремено намалување на акцизите на нафтените деривати за 15 насто од најавените усогласени износи на нафтените деривати и тоа за оловниот бензин, безоловен бензин и гасните масла. На денешната седница беше донесена одлука за исплата на еднократна парична помош, во износ од по 10.000 динари, на вработени во предучилишни установи.