Во Србија пет нови случаи на заразени со Ковид-19

Во Србија ноќеска немаше нови случаи на заразени со Ковид-19, но до синоќа во 20 часот беа еегистрирани вкупно 46 потврдени случаи на заразени со коронавирус.

Според министерот за здравство на Златбор Лончар, од петте новозаразени, тројца се во домашна изолација со полесна клиничка слика, додека две лица се задржани на болничко лекување, без компликации и со стабилна општа состојба.

Лончар изјави дека од 12 примероци тестирани на коронавирус, пет биле позитивни. До 20 часот на 14 март, вкупно 268 лица биле тестирани во Националната референтна лабораторија Торлак.

Лончар кажа дека на Клиниката за инфективни болести во Белград има 12 пациенти и дека сите се стабилни и никој не е на респиратор. Тој додаде дека пет пациенти во Ниш се добро, како и еден во Крагуевац и дека никој не е на интензивна нега.