Во Србија пуштен во употреба кракот на гасоводот Турски тек

Главниот гасовод Балкански тeк во Србија, кој испорачува руски гас преку Турција и
Бугарија, беше официјално пуштен во употреба во петокот утрото.

„Ова е од клучно значење за понатамошниот развој на Србија. Ова е од големо значење за нас, за индустријата и напредокот на српската економија и за сите жители на нашата земја “, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ на официјалното отворање на гасоводот , пренесува Танјуг.

Вучиќ, исто така, рече дека Србија со овој гасовод обезбеди гарантирана енергетска
стабилност и безбедност и дека гасот се набавува преку тој гасовод по цена до 155
долари, со многу пониски транспортни трошоци.

Должината на главниот гасовод во Србија е 403 километри – влегува во Србија во
близина на Заечар и излегува кaj Хоргош во Унгарија.

Како што известувааат српските медиуми набавната цена на гасот преку овој гасовод е до 155 долари, со многу пониски трошоци за транспорт отколку преку другиот гасовод преку кој досега се снабдуваат.

Гасоводот Турски тек, чиј дел е магистралниот гасовод преку Србија, е проект на рускиот „Газпром“ и турскиот „Боташ“, кој би требало да овозможи стабилно снабдување со гас на Турција, јужна и југоисточна Европа, а долг е вкупно 930 километри, со капацитет од 31,5 милијарди кубни метри гас годишно.