Во Србија шестмина претепале човек до смрт, се скарале за музика

Шест лица се уапсени за убиство на 47-годишниот Душан А., кој синоќа беше претепан до смрт во ресторан во Младеновац, Србија. Убиениот Душан вечерта бил во кафеана со неговиот син В.А., кој бил повреден во тепачка, известуваат српските медиуми.

„Дуле беше со синот и кумот, славеше роденден на синот во кафеана, па застанаа овде на музика во живо. Тие седнаа на масата, а од другата страна беа други луѓе. Дуле во еден момент сакаше да нарача песна, тоа беше музика во живо. Шестмината се противеа и не му дадоа. Одеднаш настанал хаос, маж го удри со шише. Човекот само падна, ова е навистина несреќа. По тепачката сите се распрснаа. Веднаш беше повикана полиција и брза помош која пристигна половина час подоцна. Човекот многу крвареше“, велат за Нова.рс од објектот каде се случила тепачката.

Соседите од улицата каде се случила тепачката велат дека уапсените живеат во близина на ресторанот и дека претходно биле познати како проблематични.

Злосторството се случи синоќа во ресторан во Младеновац.

Шест лица се уапсени и задржани во притвор до 48 часа.