– Српската полиција уапсило лице за кое тврди дека упатувало закани кон претседателот на таа држава. Министерот за внатрешни работи на србија, Ивица Дачиќ изјави дека е уапсен Д. М.
од Сомбор поради закани за загрозување на безбедноста на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. „Поради закана за загрозување на безбедноста на претседателот на Републиката, уапсен е Д. М.
од Сомбор, кому му е одредена мерка притвор во полиција од 48 часа“, се вели во соопштението на МВР на Србија.
Вучиќ на социјалната мрежа Х изјави дека е шокиран од атентатот врз словачкиот премиер и дека се моли за здравје на големиот пријател на Србија, Роберт Фицо.