Годишна заработка поголема од 2,19 милиони српски динари (18.800 евра) пријавилo дури 41 лице коe се изјаснилo како невработени, пишуваат српските медиуми.
Сите оние кои минатата година заработиле повеќе од 2,19 милиони српски динари оваа година ќе мора да пријават данок на доход. Интересно е тоа што на списокот на „милионери“ од 2012-тата година се нашле пет актери, само двајца пејачи, а дури 27 возачи. Поголема плата од 180.000 српски динари или околу 1.550 евра во 2012-та година пријавилo 41 лице, коиeсе изјаснилo како невработенo.
Во приходите кои се оданочуваат, покрај платите, се и хонорарите од спорт, авторски и слични договори, закупнини од изнајмување на станови или движни ствари…
„Тоа се луѓе кои официјално немаат никаква работа, но трансакциите кои што ги реализираат се легални. Тоа може да биде уплата од закупнина, но веројатно работат и некоја работа за фабрики од странство, па им се исплаќа на тој начин“; рекол економистот Горан Николиќ.