Во Србија пристигнува кубанската вакцина против рак

Делегацијата на Министерството за здравство на Србија се врати во четвртокот од Куба каде, според сознанијата на „Вечерњи новости“, договорени се сите детали за соработката помеѓу двете земји за дистрибуцијата на кубанската вакцина во Србија, пренесува Б92.

Останало само да се дефинира и да се потпишат меѓународните договори со кои Србија ќе го стекне правото да ја пушти во употреба вакцината за која последниот свет се говори дека претставува голем пробив во борбата против канцерот.

Се, како што се планира, ќе биде завршено во текот на летото, па се очекува примената на вакцината да отпочне во првите денови од есента.

Трба да се каже дека во овој случај поимот вакцина е неадекватен , затоа што вакцината се дава превентивно, а во случајот на кубанскиот лек „цимивакс егф“ се работи за терапија која се променува во поодмината фаза на карциномот на белите дробови. Искуствата говорат дека овој препарат ја сопира прогресијата на болеста, го продолжува животот на заболениот или го доведува организмот во состојба како да функционира како да се работи за хронично заболување со кое се живее.