УХМР за утре најавува стабилно и ралативно топло време. Во среда, како што информира, ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Поради продор на постудена воздушна маса од север, кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.
Според УХМР, во четврток ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, наместа и над 70 километри на час, а дневната температура значително ќе се намали.
Од петок и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и потопло.