Во среда ќе се прска против комарци во Скопје

Во среда ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, најави Град Скопје. Од авион ќе се прска во раните утрински часови, а теренското прскање ќе се одвива во текот на денот.

„Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, информираат од Град Скопје.