Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање на 20 и 21 јуни 2023 година. Прелиминарната ранг листа се објави на 22 јуни 2023 година, а доставувањето на потребната документација до училиштата беше на 22 и 23 јуни 2023 година. Конечните ранг листи се објавија на 24 јуни 2023 година.
Согласно Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година во Република Северна Македонија, кој е објавен во месец март 2023 година, предвидено е во училиштата каде во конечната ранг листа има поголем број ученици со исти бодови, да се организира квалификациско тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по наставните предмети и тоа:
– за гимназиско образование – мајчин јазик и математика
– за зравствена струка – биологија и хемија
– за другите струки – мајчин јазик и математика.
Оваа година квалификационото тестирање ќе се организира на 26 јуни 2023 година во следниве училишта:
– СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Град Скопје (за стручно образование – здравствена струка за образовните профили фармацевтски техничар на албански наставен јазик).
Во средните училишта во кои се реализираат наставни планови и наставни програми за уметничко образование квалификационото тестирање ќе се организира на 26 јуни 2023 година.
Конечните ранг листи со резултатите за учениците кои ќе полагаат квалификационо те-стирање ќе се објават на 26 јуни 2023 година.
Второто пријавување на учениците ќе се врши на 27 јуни до 24.00 часот и на 29 јуни 2023 година до 10:00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2023 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 13:00 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 29 јуни од 15.00 до 19.00 часот и на 30 јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.
Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објави на 1 јули 2023 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули 2023 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 3 јули 2023 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
Врз основа на финализираните ранг листи за првото пријавување добиени се следните податоци:
Во првото пријавување вкупно се пријавија 16 007 ученици од кои:
· 11 205 ученик за настава на македонски наставен јазик,
· 4 474 ученици за настава на албански наставен јазик,
· 322 ученици за настава на турски наставен јазик и
· 6 ученици за настава на српски наставен јазик.
Во првото пријавување вкупно се запишаа 12 996 ученици од кои:
· 9 655 ученик за настава на македонски наставен јазик,
· 3 101 ученици за настава на албански наставен јазик,
· 234 ученици за настава на турски наставен јазик и
· 6 ученици за настава на српски наставен јазик.
Според видот на образованието, во првото пријавување запишани се вкупно:
· 4 606 ученици во гимназиско образование
· 8 235 ученици во стручно образование
Конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование во:
– СУГС Гимназија „Никола Карев“-Скопје и
– СУГС Гимназија „Георги Димитров“-Скопје.
Конкурсот за запишување ученици е завршен во стручно образование во следниве струки и училишта:
ГРАДЕЖНО – ГЕОДЕТСКА СТРУКА:
– СОУ„Нико Нестор“-Струга за образовниот профил архитектонски техничар на македонски наставен јазик;
– ОСУТ„Гостивар“-Гостивар за образовниот профил архитектонски техничар/градежен техничар на македонски наставен јазик.
ГРАФИЧКА СТРУКА:
– СОУ„Ристе Ристески Ричко“-Прилеп за образовниот профил графички уред-ник – дизајнер на македонски наставен јазик.
ЕКОНОМСКО – ПРАВНА И ТРГОВСКА СТРУКА:
– СУГС„Цветан Димов“-Скопје, за образовниот профил продавач – референт за продажни услуги на албански наставен јазик;
– СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија за образовниот профил економски техничар/ бизнис администратор на македонски наставен јазик;
– СОУ„Св. Кирил и Методиј“-Охрид за образовниот профил техничар за е – трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик;
– СОУ„Добри Даскалов“-Кавадарци за образовниот профил економски техничар на македонски наставен јазик;
– СОУ„Јане Сандански“-Битола за образовниот профил техничар за е – трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик;
– СОУ„Јане Сандански“-Струмица за образовниот профил техничар за е – трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик;
– СОУ„Перо Наков“-Куманово за образовниот профил техничар за е – трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик;
– СУГС„Васил Антевски Дрен“-Скопје за образовниот профил техничар за е – трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик;
– СОЕУ„8 ми Септември“-Тетово за образовниот профил правен техничар на македонски наставен јазик.
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА:
– СОУ„Коле Нехтенин“-Штип за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;
– ССОУ „Коле Неделковски“-Велес за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;
– СОТУ „Гостивар“-Гостивар за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик и на албански наставен јазик;
– СОУ„Илинден“-Илинден за образовните профили електротехничар за компјутерска техника и автоматика и електротехничар за електроника и телекомуникации на македонски наставен јазик;
– СОУ„Ѓорѓи Наумов“-Битола за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;
– СОУ„Ѓошо Викентиев“-Кочани за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;
– СОУ„Ѓорче Петров“-Крива Паланка за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;
– ОСТУ„Наце Буѓони“ – Куманово за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;
– ОЕМУЦ„Св. Наум Охридски“-Охрид за образовниот профил техничар за индустриска мехатроника на македонски наставен јазик;
– СОУ„Ристе Ристески Ричко“-Прилеп за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика/електротехничар за електроника и телекомуникации на македонски наставен јазик;
– СОУ„Ристе Ристески Ричко“-Прилеп за образовниот техничар за индустриска мехатроника / електротехничар – енергетичар на македонски наставен јазик ;
– СОУ„Богданци“-Богданци за образовниот профил електротехничар-енергетичар /електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;
– СОУ„Никола Карев“-Струмица за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик.
ЗДРАВСТВЕНА СТРУКА
– СОУ„Јане Сандански“-Штип, за образовниот профил медицинска сестра на македонски наставен јазик;
– ССОУ„Димитрија Чуповски“-Велес, за образовниот профил фармацевтски техничар/ медицински лабораторискo санитарен техничар на македонски наставен јазик;
– СМОУ„Гостивар“-Гостивар за образовниот профил медицинска сестра на македонски наставен јазик и на албански наставен јазик;
– СОУ „Ѓорче Петров“-Кавадарци, за образовниот профил фармацевтски техничар на македонски наставен јазик;
– СОУ„Мирко Милески“-Кичево, за образовниот профил медицинска сестра на македонски наставен јазик;
– ОСТУ„Наце Буѓони“-Куманово, за образовниот профил медицинска сестра на албански наставен јазик;
– СУГС „Д-р Панче Караѓозов“-Скопје, за образовните профили медицинска сестра на албански наставен јазик, забен техничар на албански наставен јазик и физиотерапевтски техничар на македонски јазик;
– ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“-Битола, за образовниот профил медицинска сестра на македонски наставен јазик;
– СУГС„Цветан Димов“-Скопје, за образовните профили медицинска сестра и фармацевтски техничар на албански наставен јазик;
– СОУ„Нико Нестор“- Струга за образовниот профил гинеколошко акушерска сестра на македонски наставен јазик;
– СОМУ„Никола Штејн“-Тетово, за образовниот профил медицинска сестра на албански наставен јазик.
ЛИЧНИ УСЛУГИ:
– СУГС„Шаип Јусуф“-Скопје, за образовниот профил фризер на македонски наставен јазик ;
– СУГС„Сарај“-Скопје, за образовниот профил фризер на албански наставен јазик;
– СОМУ„Никола Штејн“-Тетово, за образовниот профил техничар за козметичка нега и убавина на албански наставен јазик.
МАШИНСКА СТРУКА:
– ССОУ„Коле Неделковски“-Велес за образовниот профил машински техничар/ техничар за производно машинство на македонски наставен јазик;
– ОСТУ„Наце Буѓони“-Куманово за образовниот профил техничар за компјутерско управување на македонски наставен јазик;
– АСУЦ„Боро Петрушевски“-Скопје за образовниот профил машински техничар за моторни возила на македонски наставен јазик.
УГОСТИТЕЛСКО – ТУРИСТИЧКА СТРУКА:
– СОУ„Коле Неделковски“-Велес, за образовните профили келнер, готвач и слаткар на македонски наставен јазик.
ХЕМИСКО – ТЕХНОЛОШКА СТРУКА:
– СУГС„Марија Кири Склодовска“- Скопје за образовниот профил хемиско лаборато-риски техничар на албански наставен јазик;
– СОУ„Нико Нестор“-Струга за образовниот профил хемиско лабораториски техничар на албански наставен јазик.
ШУМАРСКО – ДРВОПРЕРАБОТУВАЧКА СТРУКА:
– СУГС„Георги Димитров“-Скопје за образовниот профил техничар за мебел и ентериер на македонски наставен јазик.
Слободни места за второто пријавување има за вкупно 23 903 ученици од кои:
18 002 слободни места за настава на македонски наставен јазик,
5 227 слободни места за настава на албански наставен јазик,
612 слободни места за настава на турски наставен јазик и
62 слободни места на српски наставен јазик.
Слободни места по вид на образование за второ пријавување има:
· во гимназиско образование 5 438 слободни места од кои:
3 319 за ученици на македонски наставен јазик,
1 876 за ученици на албански наставен јазик,
215 за ученици на турски наставен јазик и
28 за ученици на српски наставен јазик.
· во стручно образование 18 059 слободни места од кои:
14 393 за ученици на македонски наставен јазик,
3 235 за ученици на албански наставен јазик,
397 за ученици на турски наставен јазик и
34 за ученици на српски наставен јазик.