Архивите на српската полиција од вчера се побогати за 2.000 снимки од разговори со претставници на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и околу 500 снимки од разговори на функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Имено толку снимки од незаконски прислушуваните разговори, или т.н. бомби биле најдени во неговиот стан.
Извори, блиски на новинарот Зоран Божиновски кој беше уапсен во Нови Сад, тврдат дека овие записи се пронајдени во неговиот стан во текот на вчерашниот ден при апсењето од страна на српската полиција, пренесува Канал 77, повикувајќи се на албанскиот портал lajmpress.
Инаку Божиновски вчера беше уапсен од страна на српската полиција во Нови Сад, каде живее со години.
Македонската полиција го бараше Божиновски за случајот „Шпион“, а како што јавуваат дел од медиумите, тој веќе е екстрадиран во Македонија.