![133478801 струга](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/12/133478801-16.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Во општина Струга утре ќе се гласа на 101 избирачко место, а право на гласи имаат 59.017 лица.
Претседателот на Општинската изборна комисија Бледар Зиба информира дека во моментот го пренесуваат изборниот материјал до избирачките места и смета дека ќе нема проблеми и гласањето ќе почне навреме во сите гласачки места.
Во Вевчани гласањето ќе се спроведува во три избирачки места, а право на глас имаат 2.056 вевчанци од кои нема ниту еден болен и изнемоштен за предвремено да го оствари правото на глас.
Според претседателката ОИК Параскева Гогоска – Кукоска избирачкиот материјал е предаден на избирачките одбори и очекува гласањето да почне навреме и да се одвива непречено.