До 17 часот во Струмица, според Општинската изборна комисија, правото на глас го искористиле 51,1 процент од граѓаните.
Според претседателот на комисијата, Александар Чеботарев, засега гласањето се одвива мирно и без инциденти, на сите 83 избирачки места.
Во општина Струмица 49.235 избирачи имаат право да го дадат својот глас за двајца кандидати за градоначалници и за две советнички листи.
Во Босилово гласаат 12.318 избирачи на 19 избирачки места, за двајца кандидати за градоначалници и за две советнички листи, а до 17 часот излезнаоста изнесува 44,95 проценти.
Во Василево, 10.437 гласачи може да се определат за двајца кандидати за градоначалници и три советнички листи, на 19 избирачки места, а до 17 часот, гласале 51 процент од запишаните гласачи.
Во општина Ново Село за тројца кандидати за градоначалници и две советнички листи, своето граѓанско право може да го искористат 11.452 гласачи на 20 избирачки места, а од нив, до 17 часот на гласање излегле 42,01 процент.