До нашата редакција стигнаа видеа, испратени од жители на Струмица, на кои се гледа како група граѓани од полициско возило зема алишта.
Неофицијално инцидентот меѓу граѓаните и полицијата се случил деновиве во Струмица. Според непотврдени информации откако полицијата претходно им ги одземала парчињата облека, луѓето решиле да си ги вратат назад.
Инцидент со полицијата во Струмица pic.twitter.com/0DDz6WqXKh
— Курир (@KurirMK) February 16, 2022
Од МВР се уште не се огласи по овој инцидент.