Најмалку 36 лица загинаа а уште 123 се повредени во петокот во судирот на два воз крај пристанишниот град Александрија, соопштија египетските власти.
Една од композициите патувал од Каиро, а другиот од Порт Саид, кога се судриле во северниот град Александрија. Според началникот на службата за брза помош во западниот дел од Александрија, др Мохамед Аби Хомс, изјавил за локалните медиуми дека несреќата се случила во областа Коршид, југоисточно од градот.
Според Абу Хомс, се стравува дека бројот на жртвите и на повредените може да се зголеми.
Снимките од местото на настанот коишто беа емитувани на државната телевизија покажуваат десетици луѓе кај оштетените вагони, при што се забележуваат мртви тела расфрлани во околината.
Државната египетска телевизија, цитирајќи официјални претставници на министерството за транспорт, објави дека причина за несреќата најверојатно е дефект на еден возовите.
Египетскиот железнички систем има слаб безбедносен рекорд, којашто е лошо одржувана со децении.
Станува збор за најсмртоносната железничка несреќа во најголемата северноафриканска земја, по онаа од ноември 2013 година, меѓу воз и автобус кога загинаа 27 лица, претежно деца, јужно од Каиро.