Во судири во Доњецк загинале 19 лица

Во судирите меѓу украинските сили и проруските активисти во регионот Доњецк во последните 24 часа загинале 19, а повредени се 31 лице, соопштила денес администрацијата на редионот Доњецк.

Според податоците на секретаријатот за здравство, девет лица, вклучувајќи три деца налетале намина во селото Беревостоје, пренел Итар Тас.

Две лица загинале, а останатите се потешко повредени, пренела руската новинска агенција.