Според портпарол, „експлозивно е зголемен бројот на кибер напади врз државни институции во 2016 година“.
Околу 10.000 кибер напади во Шведска се регистрираат секој месец. Цел на нападите е да се украдат доверливи информации и шведски компјутери да се користат за напади врз други држави. Зад тие напади се организации со огромни ресурси и многу тешко е да се неутрализираат, нагласи портпаролот на шведското разузнавање.