Светот ја надмина бројката од 50 милиони заразени луѓе од почетокот на пандемијата на Ковид-19.
Сепак, бројката се смета дека е повисока поради недоволните капацитети за тестирање во голем број држави низ светот.
Податоците на Универзитетот Џон Хопкинс покажуваат дека на глобално ниво се регистрирани и 1.256.305 смртни случаи од Ковид-19.
Во Велика Британија е воведен карантин во четвртокот, откако забележа околу 20 илјади нови случаи дневно. Во саботата, во земјата беа регистрирани повеќе од 400 починати од Ковид-19.
Франција, пак, е една од земјите кои се најсилно погодени од вирусот. Таму карантинот трае една недела и според француските власти, прерано е да се каже дали има ефект.
Во Италија се воведоа локални карантини во четири региони и национален полициски час. Во повеќе други држави беа затворени одредени бизниси и беа воведени локализирани карантини.