
Изминатата година во 68 земји во светот од пооследици од овид-19 починаа 840 новинари, соопшти швјцарската невладина организација „Прес емблем кампањ“ (Press Emblem Campaign).
Во соопштението на ПЕЦ се истакнува дека тоа е најголем број на починати медиумски работници од крајот на Втора светска војна. Во 2020 година секој ден по двајца новинари биле жртви на Ковид-19.
Најголем број на починати новинари има во јужноамериканските земји односно 458.
Во Азија од последици од ковид-19 починале 151 новинар, во Европа 147, во Северна Америка 45 и во Африка 39.
Во Перу за време на пандемијата починаа 108 новинари, во Бразил 102, во Мексико 87, во Индија 56, во Италија 46 и во Турција од последици од ковид-19 починале 21 новинар,
ПЕЦ истакнува дека најверојатно е поголем бројот на починати новинари, бидејќи не сите смртни случаи не биле тестирани.