Во светот само 11 земји не војуваат, овие се тие држави:

Само 11 држави во светот на ниеден начин не се вмешани во некој воен судир, покажува новото истражување на Институтот за економија и мир од Австралија, пишува “Jewsnews”..

Речиси сите 162 држави опфатени во истражувањето, директно или индиректно учествуваат во вооружени конфликти, велат експертите. Постојат држави како Велика Британија, кои не војуваат дома, на своја земја, но се вмешани во војни во други земји. Во случајот со Британија тоа е војната во Авганистан. Оваа земја е 47. место по светскиот индекс за мир.

Постојат земји кои не се вмешани во судири со човечки жртви, но имаат длабоки внатрешни поделби и околу нив се кршат копја на меѓународен план – како што е Северна Кореја.

Единствени земји, кои на ниеден начин не се вмешани во војна се:

1. Швајцарија

2. Јапонија

3. Катар

4. Маурициус

5. Уругвај

6. Чиле

7. Ботсвана

8. Костарика

9. Виетнам

10. Панама

11. Бразил

Сепак, ниту таму не е идилично: Во Бразил и Костарика, на пример, огромен број на луѓе имаат лично вооружување и постои константна опасност од избивање на насилство. Швајцарија е исто така мирна држава, но со прилично висок степен за извоз на оружје.