Лековите за сезонскиот грип и препарати против СИДА се покажале успешни во лекувањето на пациентите заразени со новиот сој коронавирус, соопштија за новинарите во неделата двајца лекари од Тајланд кои оваа терапија ја примениле на жена од Кина со сериозни сиптоми на пневмонија предизвикана од новиот вирус.
Двајца лекари од болницата „Рачавати“ во тајландската престолнина Бангкок, Криангсак Атипорваник и Суебаи Конссангаом, на брифингот со новинарите рекле дека 71-годишната жена покажала подобрување 48 часа по почетокот на третирње со двете групи лекарства.
Првично жената била хоспитализирана во градот Хуахун, а на 29-ти јануари биле пренесена во една од болниците во Бангкок, пишува весникот Bangkok Post. Утврдувајќи кај неа сериозни симптоми, лекарите решиле да го користат лекот за грип „Оселтамивир“, кој се користел и за лекување на блискоисточниот респираторен синдром MERS, како и препаратот против СИДА, „Лопинавир/Ритонавир”.
„По лошите резултати во текот на 10 дена, наодите конечно станаа добри, тоа се случи по 48 часа од земањето на лекарствата. Лекувањето, како и закрепнувањето, се одвуваат брзо“, истакнале лекарите.
Нагласиле дека успешното третирање со овие препарати ги испратиле до медицинско списание и оти планираат да ги користат овие лекови и кај други пациенти. Според нив, двете групи лекови се ефикасни кај лицата со сериозни симптоми.
Во текот на брифингот претставникот на тајландското министерство за здравство рекол дека вкупниот број потврдени случаи на зараза со коронаворусот во земјата изнесува 19. Додал дека бројот излекувани пациенти веќе достигнал осум лица, а уште 382 лица се под постојан надзор поради сомневање за инфицирање со вирусот.