Најмалку 14 припадници на авганистанските војници, меѓу кои и началникот на локалната полиција, се убиени а 37 се заробени во напад на радикалните талибански милитанти во северозападната провинција Фарјаб, пренесе во неделата информативната мрежа Tolo News повикувајќи се на членото на покраинскиот совет Надир Саиди.
Според Саиди, талибаните во саботата доцна ноќта го нападнале полцискиот штаб во округот Кајсар.
„Повеќе од 30 припадници на безбедносните сили и полицајци бра околени од талибаните и доколку не пристигнеше дополнителното засилување, и тие ќе бидеа заробени“, изјавил Саиди.
Од штабот на безбедносните сили во провинцијата Фариаб засега не сакале да го коментираат нападот на исламистичките радикали врз седиштето на полициската управа.
Насилството во Авганистан е во остар раст откако на почетокот од мај САД потврдија дека до 11-ти септември ќе ги повлече своите војници, 20 години по терористичките напади на Ал Каеда во Њујорк и Вашингтон, што беше директниот повод за американската инвазија.
И покрај почетокот на мировните преговори меѓу владата во Кабул и талибаните во сепрември 2020 година во катарска Доха, последните седмици се бележат жестоки конфронтации меѓу владините безбедносни сили и милитантите кои зазедоа значителни територии во руралниет области и започнаа офанзива кон големите градови.