Утрово во РЕК Битола започнаа сервисно – ремонтни активности на Блок 1 со цел подобрување на неговата стабилност и доверливост во работата. Застојот во производството од овој блок предвидено е да трае во наредните 24 часа. Во меѓувреме, во функција останува Блок 2 на комбинатот.
Постројката ќе биде со целосен капацитет на мрежа во текот на утрешниот ден.
Снабдувањето со електрична енергија од останатите капацитети на АД ЕСМ продолжува непречено и компанијата не увезува струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.